Што претставува ИТ поддршката и зошто е важна за малите и средни претпријатија?

Информатичката технологија (ИТ) игра клучна улога во секојдневното работење на малите и средни претпријатија (МСП). Ефикасното управување со ИТ системите може значително да го подобри работењето, продуктивноста и конкурентноста на компаниите. Во овој контекст, услугите за ИТ поддршка стануваат неопходни за МСП кои сакаат да останат конкурентни и да ги оптимизираат своите операции. ИТ поддршката опфаќа широк спектар на услуги насочени кон одржување, управување и оптимизација на ИТ инфраструктурата на една компанија. Ова вклучува: • Одржување на хардвер и софтвер: редовно ажурирање и сервисирање на компјутери, сервери и апликации за да се обезбеди нивна оптимална функционалност. • Мрежна администрација: поставување и одржување на стабилни и безбедни мрежи кои овозможуваат непречена комуникација и размена на податоци. • Сајбер безбедност: имплементација на мерки за заштита од сајбер напади, вируси и други безбедносни закани . • Техничка поддршка: брзо решавање на технички проблеми и обезбедување на помош за вработените при користење на ИТ опремата и софтверот. Предности од користење на ИТ поддршка за МСП 1. Зголемена ефикасност и продуктивност: со редовно одржување и брзо решавање на ИТ проблемите, вработените можат да работат без прекини, што води до повисока продуктивност. 2. Намалување на трошоците: превентивното одржување помага во избегнување на скапи поправки и загуби на податоци. Дополнително, ангажирањето на надворешна ИТ поддршка е често поекономично од вработување на интерен ИТ тим. 3. Подобра безбедност на податоците: ИТ експертите имплементираат најнови безбедносни мерки за заштита на чувствителните информации на компанијата. 4. Пристап до експертиза: ИТ професионалци со себе носат богато искуство и знаење, обезбедувајќи најдобри практики и решенија прилагодени на специфичните потреби на компанијата. Како Дигиком може да им помогне на малите и средни претпријатија? Со своето 30-годишно искуство во ИТ индустријата, нудиме сеопфатни услуги за поддршка и одржување на ИТ системи, специјално прилагодени за потребите на МСП: • Премиум сервис: нашите експерти обезбедуваат брза дијагностика, чистење на системите за ладење и совети за одржување на вашите компјутери, со цел да се продолжи нивниот век на траење и да се подобри перформансата. • Комплетни хардверски и софтверски решенија: нудиме целосни решенија за вашите ИТ потреби, вклучувајќи набавка, инсталација и одржување на хардвер и софтвер. 18 • Брза и ефикасна поддршка: нашиот тим е подготвен да ги реши сите ваши ИТ проблеми брзо и ефикасно, минимизирајќи го времето на застој и обезбедувајќи континуитет во вашето работење.
Заштита и безбедност на податоците во малите и средните компании

Медиумите речиси секојдневно известуваат за кражба на кориснички податоци. Она што најчесто го слушаме се однесува на големи компании. Сигурно се сеќавате на случајот со eBay, каде што беа компромитирани 145 милиони корисници, или LinkedIn, каде што беа украдени податоци од 165 милиони кориснички профили. Меѓутоа, фактот дека медиумите известуваат за овие настани само кога се погодени големи корпорации, не значи дека помалите компании се поштедени од ваквите напади. Напротив, малите и средните претпријатија се многу почести мети, бидејќи често имаат послабa безбедносна заштита. Како да го намалите ризикот од сајбер напади? 1. Антивирусен софтвер и заштитен ѕид (Firewall) Антивирусниот софтвер е еден од најважните елементи за заштита од сајбер напади. Препорачливо е да користите автоматски ажуриран софтвер, кој ќе ви обезбеди континуирана заштита. Доколку користите рачно ажурирање, постои ризик да пропуштите критични надградби и да станете ранливи на нови закани. Повеќето компјутери имаат вграден заштитен ѕид (firewall), но за дополнителна сигурност, се препорачува негово надградување со посилен безбедносен систем. Firewall-от е првата линија на одбрана од надворешни напади и може значително да ги намали ризиците од кражба на податоци. 2. Обука на вработените Најголемиот број сајбер напади се случуваат поради човечка грешка. Дури и со најдобрата техничка заштита, ако вработените не се обучени да препознаваат закани, компанијата станува мета на напади. За да го намалите овој ризик: • Организирајте редовни обуки за вработените. • Научете ги како да препознаваат фишинг (phishing) e-mail пораки. • Предупредете ги за опасноста од симнување на несигурни датотеки. • Воведете строги правила за користење на силни лозинки. • Ограничете пристап до сомнителни веб-страници и непознати линкови. • Ограничете пристап до сомнителни веб-страници и непознати линкови. 3. Безбедност на мобилни уреди Сe повеќе вработени користат мобилни телефони и таблети за деловни цели. Иако често се занемаруваат во однос на безбедноста, овие уреди можат да бидат исто толку ранливи како и компјутерите. За да ја зголемите нивната заштита: 19 • Обезбедете енкрипција на податоците на мобилните уреди. • Користете VPN (виртуелна приватна мрежа) за заштитено поврзување. • Ограничете пристап до деловните податоци само за одобрени уреди. • Воведете автоматско заклучување на уредите по одреден временски период на неактивност. 4. Бекап на податоци Иако создавањето на резервни копии (backup) може да изгледа како дополнителен трошок, тоа е можеби најважната мерка за заштита од сајбер напади, како и од физички закани, како што се пожар, поплава или хардверски дефекти. За да ја осигурате заштитата на вашите податоци: • Редовно копирајте( бекaпирајте) ги податоците на надворешни уреди или cloud платформи. • Чувајте најмалку две резервни копии – една локална и една во cloud. • Тестирајте ги резервните копии за да бидете сигурни дека податоците може да се вратат без проблеми. 5. Ажурирање на системскиот софтвер Штом стане достапна нова верзија на оперативниот систем или софтверот што го користите, веднаш направете ажурирање. • Користењето на нелегален софтвер е огромен ризик, бидејќи најчесто не добива безбедносни надградби. • Програмирајте ги системите за автоматско ажурирање, за да избегнете пропусти во заштитата. 6. Користење на силни лозинки Лозинките се една од најслабите алки во безбедносниот ланец. За да ја зголемите заштитата на вашите податоци, следете ги овие препораки: • Користете комплексни лозинки со најмалку 12 знаци, вклучувајќи букви, бројки и специјални знаци. • Менувајте ги лозинките на секои 2-3 месеци. • Користете двостепена автентикација (2FA) за критичните системи. • Избегнувајте користење на иста лозинка за повеќе услуги. Со примена на овие шест клучни чекори, ќе го намалите ризикот од сајбер напади, губење на податоци и финансиски загуби. За дополнителна сигурност, доверете го одржувањето на вашата ИТ инфраструктура на нашите експерти, кои за вашите потреби можат да обезбедат: 1. Целосна техничка поддршка за бизниси 2. Систематско одржување на компјутери и сервери 3. Мрежна заштита и сајбер безбедност 4. Бекап и обновување на податоци Контактирајте нѐ денес и осигурајте ја безбедноста на вашиот бизнис!