fbpx
Работно време:

Пон-Пет: 09:00–17:00

Контакт: | Viber/Whatsapp:

02 240 10 10 | 070 27 66 69

За нас

  1. Почетна
  2. /
  3. За нас

Фокусот на работењето на Дигиком претставуваат сервисот и продажбата на компјутери и системи, како и комплетно одржување. Вредноста е во квалитетот, професионалноста и грижата за сите корисници, при што од 1994-та година секогаш го даваме најдоброто од нас за да добиете професионална услуга.

Вашето мислење за нашата услуга ни даваат насоки за промени и Ве пречекуваме секој следен пат со голема желба повторно да Ве услужиме. Ја почитуваме Вашата лојалност и секој следен пат се трудиме да бидеме подобри и со квалитетот и со професионалноста.

Секогаш напред

1994-2000

Желба за успешна приказна што ќе трае. Пионерски почетоци уште во студентските денови.

Да се има првиот компјутер дома или на работа беше голема радост…а да учествуваме во таа приказна беше уште поголем предизвик. Почетнички грешки и среќа, со многу смешни и поучни ситуации…

2001-2006

Пробивање и позиционирање на пазарот и борба со конкуренцијата.

Дигиком станува препознатлив по своите предности за квалитетна услуга и по долгогодишната акција „Надградете или Заменете го Вашиот стар компјутер со Нов“.

Учествуваме во формирање на првата македонска компјутерска асоцијација МАСИТ(2000год)…

2007-2012

Соработка со сите домашни компјутерски фирми и увоз на опрема и делови и од Америка, Европа и Кина.

Редовна посета и контакти за соработка на најголемиот интернационален саем за телекомуникации и ИТ, CeBIT.

Настапувавме и на Инфоком како најпознат македонски ИТ саем…

2013-2015

Фокус кон домашни и деловни корисници и институции со кои развиваме соработка на полето на сервис и одржување на компјутерска и друга опрема.

Посветуваме внимание и кон општествената одговорност, практиканство и обуки, грижа за вработените, хуман пристап и помош кон наши сограѓани, донации за проекти, концерти, манифестации…

2016-2019

По 25 годишниот јубилеј правиме План за развој и визија за нова позиција на Дигиком на ИТ пазарот како препознатливо име за квалитетна и професионална услуга.

Инвестираме во обуки за нови знаења и искуства на вработените и учиме од потребите на сите корисници…

Денес

Продолжуваме напред со остварување на нови цели со новата генерација на услуги и корисници, насочени кон иновации и дигитална трансформација.

Нов изглед и поглед кон новата реалност…