Фокусот на работењето на Дигиком претставуваат сервисот и продажбата на компјутери и системи, како и комплетно одржување. Вредноста е во квалитетот, професионалноста и грижата за сите корисници, при што од 1994-та година секогаш го даваме најдоброто од нас за да добиете професионална услуга.

Зошто е подобро месечно одржување?

Информатичката технологија (ИТ)
игра клучна улога во секојдневното работење на малите и средни претпријатија (МСП).
Ефикасното управување со ИТ системите може значително да го подобри работењето, продуктивноста и конкурентноста на компаниите.

Бекап на податоци

Иако создавањето на резервни копии (backup) може да изгледа како дополнителен трошок, тоа е можеби најважната мерка за заштита од сајбер напади, како и од физички закани, како што се пожар, поплава или хардверски дефекти.

Сајбербезбедност

Секој бизнис има уникатни ИТ потреби. Нашите експерти за сајбер безбедност се тука да ги разберат вашите специфични барања и да развијат прилагодени решенија за сајбер безбедност. Нашиот тим ќе ја посети вашата компанија, ќе ги идентификува потенцијалните безбедносни ризици и ќе ви обезбеди детален извештај со препораки.
mk_MKMacedonian